Како правилно треба да се крстиме

Крстењето претставува сеќавање на страдањата на Исус Христос на крстот, но и заштита на човекот од секакви искушенија.

Православниот христијанин вака се крсти:

Правилно православно крстење

Најпрвин првите три прста од десната рака се собираат како симбол на Светата Троица и едносушноста на трите лица на Господ (палецот, показалецот и средниот прст).

Останатите два прста се соединуваат и се спојуваат со дкланката, со што се покажува Божјата и човечка природа на Господ Исус Христос.

Потоа собраните три прста се ставаат на челото – за осветување на умот, потоа под градите (под срцето) за осветување на чувствата, на десното и левото рамо – за осветување на целото тело и давање на телесна сила.

Притоа се вели: Во името на Отецот (на челото), и Синот (под срцето) и Светиот Дух (на десното рамо), Амин (на левото рамо).