Помен – Спомнување на упокоените

Според учењето на Светата црква со умирањето на човекот не умира и неговата душа, туку таа и натаму живее. Поради тоа се прават помени за упокоените. Помени се прават на третиот, седмиот или деветтиот, четриесеттиот ден, потоа на шест месеци (половина година) како и на годината.

Во текот на годината постојат три задушници кога православните христијани го посетуваат гробовите на своите покојни родители, роднини и пријатели, го обоновуваат споменот за нив и раздаваат за душа.

Блага пченица се раздава за душа
Извор на слика: (Darkocv / CC BY-SA (https://creativecommons.org/licenses/by-sa/4.0)

Такви задушници се:

  • Саботата пред Митровден (Митровденска задушница)
  • Саботата пред Прочка
  • Саботата пред Духовден (Духовденска задушница)

Во текот на овие денови на гробовите се палат свеќи, свештеникот пее молитви, а по обредите треба гробовите да се остават чисти, зашто тоа се свети места.

Помен не се служи

  1. За време на првата седмица од Велигденскиот пост
  2. Од Лазарева сабота до Томина недела (во време на Страсната и Светлата недела)
  3. Од Божик до Богојавление (7 јануари до 19 јануари)
  4. И во сите Господови и Богородични празници

При одредување на денот за помен деновите се бројат започнувајќи од денот кога лицето е упокоено.