Како да се однесуваме во црква

Бидејќи во Божјиот храм (црквата) престојува самиот Господ и нашето однесување во него треба да биде на одредено ниво и да приличи на неговата светост и величие. Гледајќи ги светите икони на Исус, Мајката негова, и на светците, верниците веруваат дека тие ги гледаат од иконите затоа се трудат и своето однесување да го прилагодат на барањата на Светата црква.

Соборен Храм Свети Климент Охридски – Скопје, Македонија

Во црквата верникот треба пристигне пред започнувањето на литургијата, за што не е добро да привкекува вниманието на тие што дошле навреме и што се молат за време на службата. Во храмот верниците треба да бидат пристојно облечени.

При велегувањето верниците се прекрстуваат на влезната врата од храмот. По влегувањето најпрвин се застанува пред централната икона. Пред неа се прават два поклона пред целивањето и еден по целивањето. Исто така, верниците два пати се прекрстуваат пред бакнувањето а иконата и еднаш потоа.

Потоа се палат свеќите. Мажите застануваат од десната, а жените од левата страна гледано кон иконостасот. Во средината се остава празен простор од влезната врата до Црковните Двери.

Иконостас во црквата Свети Спас – Скопје, Македонија

За празнична служба во црквата верникот се подготвува од вечерта, зашто празниците започнуваат со заоѓањето на сонцето. И во Светото Писмо е запишано:

„И би вечер и би утро, ден први“.

Свето Писмо, 9

Верникот се подготвува за службата следното утро преку палењето свеќа пред домашната икона вечерта, јадење лесна храна, кажување вечерни молитви итн. Во црквата по Светата литургија на верниците им се дели нафора (благословено и осветено парче леб). Верникот за да прими нафора или причесна мора да е гладен, да не појадувал, да не пиел вода, да не пиел кафе, да не пушел.

При земањето причесна верникот пристапува кон Светата чаша смирено, рацете ги држи прекрстени на градите и не се крсти за да не ја удри чашата и да не ја истури. Со Светата причест христијанинот се соединува со Христа бидејќи лебот е телото Христово, а виното крвта Христова.

„Кој го јаде моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден“.

Јован, 6, 54

Најдобро е во храмот да се дојде на почетокот на богослужбата. Ако пак се задоцни при влегувањето верникот треба да внимава да не им пречи на тие што дошле пред него и веќе се молат. Ако во храмот се сретнат познати тие се поздравуваат со поклон без зборување, а ако веќе нешто мора да разговараат тоа мора да биде кратко и со шепотење.

Ако во црквата сретнете пријател кого подолго време не сте го виделе и сакате да разговарате не правете го тоа во црквата туку почекајте тој да излезе надвор. Особено не пристапувајте му на човек што е пред иконата, што сака да се прекрсти, да се помоли или да остави дар пред иконите. Особено не прекинувајте го во молитвата. Излезете пред црквата и почекајте го да си ги изврши своите религиозни потреби.

Верниците во црквата треба да се облечени во чиста но скромна облека. Мажите во црквата влегуваат гологлави (без капи и шапки). Жените доколку носат шминка не треба да ги бакнуваат иконите. И жените и мажите треба да бидат пристојно облечени.

Во црквата верниците секогаш стојат. Постарите, болните и изнемоштените можат да седат.