Свеќата, симбол на вечната Христова светлина

Во Православната црква свеќата е симбол не вечната Христова светлина. Самиот Христос вели:

„Јас сум светлината на светот“.

Затоа нема молитвен чин без свеќа. Преку светлината на свеќата се посакува Божјата светлина секогаш да биде во нас и со нас да го озарува нашето срце, волја и ум и да ни го осветлува патот кон вистинскио христијански, чесен и богоуден живот.

Палење свеќа во Црква

Свеќата ја покажува топлината и пламенот на човечката љубов кон Господа, Мајката Божја, ангелите и светителите. Со палењето на свеќата исповедуваме дека Бог е вистинска Светлина која не очистува од мракот на грeвот.

Свеќите што ги палиме треба да бидат направени од чист восок и да се осветени. Обврска на секој верник е да ја помага својата Црква. А ние ќе ја помагаме нашата Света Црква ако за сите пригоди: свадби, крштевки, сведни итн. купуваме само свеќи осветени во нашата црква.