Прочка

Прочка (или Велики Поклади) е празник на взаемно простување помеѓу верниците во православието.

Датумот на кој што паѓа Прочка е променлив, во зависност од тоа на кој датум е Велигден, и е секогаш точно 7 недели пред Велигден.

Религискиот аспект на Прочка е во манифестацијата на искрена љубов за својот ближен, што треба да го следи примерот на Исус Христос за безусловна и бескрајна љубов помеѓу луѓето. Следниот ден по Прочка е чист понеделник, кога почнува големиот велигденски пост.  Прочка представува и симбол за крајот на зимските прзаници и почетокот на пролетните.

Во македонските обичаи на овој празник помладите бараат прочка од постарите со зборовите „прости ми“, а постарите одговараат „простено да ти е од мене и од Бога“.

Во Македонија има долга традиција на маскирање и одржување на карневали за Прочка, кои што секоја година се одржуваат низ повеќе градови во земјата. Еден од најголемите и најпознати е Струмичкиот Карневал.

Струмички Карневал за време на Прочка