Според учењето на Светата црква со умирањето на човекот не умира и неговата душа, туку таа и натаму живее. Поради тоа се прават помени за упокоените. Помени се прават на третиот, седмиот или деветтиот, четриесеттиот ден, потоа на шест месеци (половина година) како и на годината.
Во текот на годината постојат три задушници кога православните христијани го посетуваат гробовите на своите покојни родители, роднини и пријатели, го обоновуваат споменот за нив и раздаваат за душа.
Такви задушници се:
- Саботата пред Митровден (Митровденска задушница)
- Саботата пред Прочка
- Саботата пред Духовден (Духовденска задушница)
Во текот на овие денови на гробовите се палат свеќи, свештеникот пее молитви, а по обредите треба гробовите да се остават чисти, зашто тоа се свети места.
Помен не се служи
- За време на првата седмица од Велигденскиот пост
- Од Лазарева сабота до Томина недела (во време на Страсната и Светлата недела)
- Од Божик до Богојавление (7 јануари до 19 јануари)
- И во сите Господови и Богородични празници
При одредување на денот за помен деновите се бројат започнувајќи од денот кога лицето е упокоено.