Како се целиваат икони

ПОМОГНЕТЕ НА БЛИЖНИТЕ И ЧУВАЈТЕ ГО ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ – НЕ ЦЕЛИВАЈТЕ ИКОНИ ЗА ВРЕМЕ НА ЕПИДЕМИЈАТА НА КОРОНОАВИРУС!

При влегувањето во храмот, верникот може да ја целива иконата што е на средина, па и оние отстрана, но не и главните и под главните икони на иконостасот, ако Божјата служба е во тек. Последниве можат да се целиваат само пред почетокот или по завршувањето на Светата богослужба.

Верник целива икона

Средната икона, ако има таква во храмот, се целива на следниов начин:

  • се прават два поклона пред неа
  • па се целива
  • потоа се прави уште еден поклон
  • и се одминува без многу задржување, за да се направи место за другите што доаѓаат и сакаат да целиваат.

Иконите со ликот на Господ Исус Христос се целиваат при крај или во нозете, ако Спасителот наш е претставен во целиот Свој раст.

Иконите на Пресвета Дева Марија (Божјата Мајка – Богородица), па и на другите Светители (Божји угодници) се целиваат во рака или отстрана, но никако не се целиваат во образ (во лице).