Велигден да го прославиме на балконите и во дворовите

Митрополитот повардарски г. Агатангел од Македонската православна црква (МПЦ-ОА) преку Фејсбук ги повика верниците Велигден – Христовото воскреснување во сабота на полноќ да го одбележат со излегување и пеење песна на своите балкони.


„Ве повикуваме точно во 24 часот во сабота, кога ќе ги слушнете камбаните кои ќе го означат Христосовото Воскресение, со запалени свеќи и со велигденски црвени јајца да излезете на вашите балкони, дворови или пак во вашите дневни простории и да ја запеете Воскресентската песна. Честитајќи ви го празникот преку електронски медиуми, ве поздравувам со христијанскиот поздрав Христос Воскресна“,.


Митрополит Повардарски г. Агатангел
Соопштение од Митрополит Повардарски г. Агатангел