понпонеделник | втовторник | сресреда | четчетврток | петпеток | сабсабота | неднедела |
---|---|---|---|---|---|---|
30 декември 2024 | 31 декември 2024 | 1 јануари 2025 | 2 јануари 2025 | 3 јануари 2025 | 4 јануари 2025 | 5 јануари 2025 |
6 јануари 2025БадникБадникБадник6 јануари 2025 Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден - Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости. Со богата посна трпеза на која главно место има лепчето со паричка, православните христијани на 6 јануари го празнуваат Бадник и се подготвуваат за Христовото раѓање – Божиќ. Според обичајот, на Бадник не се оди на гости. Целото семејство треба да се собере на маса, а пред вечерата се крши погачата. Верувањето говори дека на оној кому ќе му се падне паричката, ќе има среќа, успех и бериќет во текот на целата година. Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа; Преподобен Никола војводаПреподобната маченичка Евгенија и другите со неа; Преподобен Никола војводаПреподобната маченичка Евгенија и другите со неа; Преподобен Никола војвода6 јануари 2025 Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа Ќерка на Филип, којшто беше епарх на целиот Мисир. Родена е во Рим. Во тоа време христијаните беа прогонувани од Александрија и живееја надвор од градот. Девицата Евгенија ги посетуваше и со сето срце ја прими нивната вера. Побегна од родителите и со двајца свои верни евнуси се крсти од епископот Елиј, па преоблечена во машка облека стапи во еден машки манастир и таму прими монашки чин. Толку го очисти своето срце со доброволен подвиг, што од Бога прими благодат на исцелување на болните. Така ја исцели една богата жена Мелантија. Но потоа истата жена сакаше, мислејќи дека е машко, да ја навлече на телесен грев. Па бидејќи Евгенија одлучно ја одби, оваа зла жена за одмазда отиде кај епархот и ја наклевети Евгенија исто онака како што некогаш Петефриевата жена го обвини целомудрениот Јосиф. Епархот нареди и сите монаси ги оковаа и ги фрлија во затвор заедно со Евгенија. Но кога ја изведоа на суд, Света Евгенија му се покажа на татко и како негова ќерка. Израдуван, Филип се крсти заедно со сиот негов дом. По ова беше избран за епископ на Александрија. Кога слушна за ова римскиот цар, испрати еден свиреп војвода Теренциј, којшто дојде во Александрија и тајно го уби Филип. Тогаш Света Евгенија заедно со мајка и и со браќата се пресели во Рим. Таму храбро и ревносно ги обраќаше незнабожците во вистинската вера, особено девојките. Така ја обрати и некоја прекрасна девојка Василија. Наскоро оваа беше убиена за Христа, како што и прорече Света Евгенија. Тогаш ги убија и оние двајца евнуси, Прот и Јакинт. Најпосле дојде и маченичкиот крај на Света Евгенија. Од нејзиното присуство падна идолскиот храм на Дијана и се разурна. Мачителите најпрво ја фрлија во вода, а потоа во оган, но Бог ја спаси. Во затворот и се јави Самиот Господ Исус и и рече дека ќе пострада на денот на Неговото Рождество. Така и стана. Ја убија со меч на 25 декември 262 година во Рим. После својата смрт Света Евгенија и се јави на својата мајка во голема слава и ја утеши. Тропар - Евгенија, света Евгенија – небото повикува, вселената се радува. Природата, светителке, е во твоите раце – од благодат врз благодат огнот не те допира, водата нозе ти принесува, тело ти има храна нетрулежна. Умот, маченичке, подигнувајќи ти го над небесата, Христос Своето Царство ти го принесува поради подобриот пат што си го избрала, а нас по твоите молитви не спасува, оставајќи не да воскликнуваме: Славен и прославуван си Ти, Господи, во светиите Свои!
Преподобен Никола војвода Некои мислат дека овој голем светител по потекол бил од балканските Словени. Во времето на царот Никифор Никола беше војвода и заповедаше над еден дел од војската којашто тргна во војна против Бугарите. Патем Никола ноќеваше во една крчма во којашто имаше големо искушение и сонуваше чуден сон. Во војната, во којашто Грците беа сосем поразени од Бугарите во 811 година, тој сон наполно се обвистини. Никола се спаси, па од благодарност кон Божјата Промисла го остави војничкиот чин и се замонаши. Се подвизуваше долго време и толку се восоврши со подвигот, што стана голем Божји угодник и проѕорливец. Се упокои мирно и се пресели во блаженото Царство на Господ Христос во 11 век.
|
7 јануари 2025БОЖИЌ - Рождество на Господ Исус ХристосБОЖИЌ - Рождество на Господ Исус ХристосБОЖИЌ - Рождество на Господ Исус Христос7 јануари 2025 БОЖИЌ - Рождество на Господ Исус Христос А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил и ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство. Сходно на таа заповед требаше секој да отиде во својот град и таму да се запише. Праведниот Јосиф со Пресветата Дева појде во Витлеем, градот Давидов, зашто обајцата беа од царското колено Давидово. А бидејќи во тој малечок град заради пописот се стекна многу народ, па Јосиф и Марија не можеа да најдат ноќевалиште во ниедна куќа, се засолнија во една овчарска пештера, каде што пастирите ги затвараа своите овци. Во таа пештера, ноќта меѓу саботата и неделата на 25 декември, Пресветата Дева Го роди Спасителот на светот, Господ Исус Христос. Откако Го роди без болка, како што и Го зачна без грев, од Светиот Дух а не од човек, таа самата Го пови во ленени пелени, Му се поклони како на Бог и Го положи во јасли. Потоа пријде и праведниот Јосиф, и тој Му се поклони како на Божествен плод на девствена утроба. Тогаш дојдоа и пастирите од полето, упатени од Божјиот ангел и Му се поклонија како на Месија и Спасител, воскликнувајќи: „Слава на Бога во висините и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја“ (Лука 2). Во тоа време пристигнаа тројцата мудреци од Исток, водени со чудесна ѕвезда, со своите дарови: злато, ливан и измирна. Тие на Младенецот Му се поклонија како на Цар над царевите и Го даруваа со своите дарови (Матеј 2). Така дојде во светот Оној Чиешто доаѓање беше пророкувано од Прорците, Којшто се роди онака како што беше пророкувано: од Пречиста Дева, во градот Витлеем, од коленото Давидово по тело, во време кога немаше веќе во Ерусалим цар од родот Јудин, туку царуваше Ирод туѓинецот. После сето мнозинство на Неговите предобрази и наговестувања, на пратениците и благовесниците, Пророците и праведниците, мудреците и царевите, најпосле се јави Он, Господарот на светот и Царот над царевите, за да го изврши делото на човечкото спасение, коешто не можеа да го извршат Неговите слуги. Нему Му припаѓа вечната слава. Амин. Тропар - Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го озари светот со светлината на познанието; во неа, пак, оние што на ѕвездите им служеа, од ѕвездата се учеа, Тебе да Ти се поклонуваат – Сонце на правдата, и Тебе да Те познаат, Исток од висините: Господи, слава Ти. Кондак - Дева денес Натсуштествениот Го раѓа, и земјата на Непристапниот пештера Му принесува. Ангелите со пастирите славословат, мудреците со ѕвездата патуваат, се роди заради нас Новороденче – Предвечен Бог. |
8 јануари 2025 | 9 јануари 2025 | 10 јануари 2025 | 11 јануари 2025 | 12 јануари 2025 |
13 јануари 2025 | 14 јануари 2025 | 15 јануари 2025 | 16 јануари 2025 | 17 јануари 2025 | 18 јануари 2025 | 19 јануари 2025 |
20 јануари 2025 | 21 јануари 2025 | 22 јануари 2025 | 23 јануари 2025 | 24 јануари 2025 | 25 јануари 2025 | 26 јануари 2025 |
27 јануари 2025 | 28 јануари 2025 | 29 јануари 2025 | 30 јануари 2025 | 31 јануари 2025 | 1 февруари 2025 | 2 февруари 2025 |