6 јануари 2025
Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден - Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.
Со богата посна трпеза на која главно место има лепчето со паричка, православните христијани на 6 јануари го празнуваат Бадник и се подготвуваат за Христовото раѓање – Божиќ. Според обичајот, на Бадник не се оди на гости. Целото семејство треба да се собере на маса, а пред вечерата се крши погачата. Верувањето говори дека на оној кому ќе му се падне паричката, ќе има среќа, успех и бериќет во текот на целата година.