12 септември 2020
Светите Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски
Собор на сите српски просветиели и учители
Овој ден не се споменуваат сите српски светители воопшто, туку само неклолкумина архиепископи и патријарси, и тоа, Свети Сава, првиот српски архиепископ, наречен рамноапостолен; Арсениј, наследник на Свети Сава, голем архиереј и чудотворец; Сава II, син на првовенчаниот крал Стефан, живееше во Ерусалим подолго време, наречен сличен на Мојсеј во кротоста (Србљак); Никодим, се подвизуваше на Света Гора и беше игумен на манастирот Хилендар, потоа архиепиоскоп на сите српски и поморски земји; Јоаникиј, најпрво архиепископ, а од 1346 година патријарх; Ефрем, подвижник, наспроти сопствената волја избран за патријарх во времето на кнезот Лазар во 1376 година, го круниса Лазар, а потоа се откажа од патријаршисикот престол и се повлече во осама; Спиридон, наследник на Ефрем, се упокои во 1388 година; Макариј, обнови многубројни стари манастири, печатеше црковни книги во Скадар, Венеција, Белград и на други места, ја подигна прочуената трпезарија при пеќскиот манастир и многу стори за унапредување на Црквата со помош на својот брат, великиот везир Мехмед Соколовиќ, се упокои во 1574 година; Гаврил, по потекло благородник од Рајиќ, учествуваше на Московскиот Собор при патријархот Никон, заради што Турците го истизаваа како предавник и на крајот го обесија, во 1656 година. Освен овие се спомнуваат уште Евстатиј, Јаков, Данило, Сава III, Григориј, Јован, Максим и Никон. Многумина од нив се подвизуваа на Света Гора, но сите беа „раби блази и вјерни, добри же дјелателие винограда Господња“ (раби благи и верни, добри трудбеници на лозјето Господово).
Преподобен Христофор
Подвижник од 4 век во обителта на Свети Теодосиј. Виде во визија дека кандилата на трудољубивите монаси горат, а оние на мрзливите не горат.
Свети Евлалиј, епископ на Кесарија Кападокиска
Еден од претходниците на Свети Василиј. Својот син го лиши од чин на носење облека, заради неприличност кон духовниот завет.