понпонеделник | втовторник | сресреда | четчетврток | петпеток | сабсабота | неднедела |
---|---|---|---|---|---|---|
26 февруари 2024 | 27 февруари 2024 | 28 февруари 2024 | 29 февруари 2024 | 1 март 2024Светиот великомаченик Теодор Тирон; Преподобниот Теодосиј Бугарин и неговиот ученик Роман; Света Маријамна (Марија)Светиот великомаченик Теодор Тирон; Преподобниот Теодосиј Бугарин и неговиот ученик Роман; Света Маријамна (Марија)Светиот великомаченик Теодор Тирон; Преподобниот Теодосиј Бугарин и неговиот ученик Роман; Света Маријамна (Марија)1 март 2024 Светиот великомаченик Теодор Тирон „Тирон“ значи „регрут“. Штотуку Свети Теодор беше стапил во војска, во Мармаритскиот полк, во градот Амасија, започна гонењето на христијаните под царевите Максимијан и Максимин. Со оглед дека тој не сакаше да крие дека е христијанин, го подложија на суд и го фрлија во затвор, заклучен и запечатен. Во затворот му се јави Самиот Христос велејќи му: „Не плаши се, Теодор, Јас Сум со тебе, не земај веќе овоземна храна и пијалок, зашто ќе бидеш во другиот живот, вечниот и неминливиот, со Мене на небесата“. При ова се јави мнозинство ангели во затворот и сиот затвор заблеска прекрасно, а затворските стражари ги видоа ангелите облечени во бело и мошне се уплашија. По ова Свети Теодор беше изведен и осуден на смрт. Го фрлија во оган и Му ја предаде својата душа на севишниот Бог. Пострада во 306 година.
Преподобниот Теодосиј Бугарин и неговиот ученик Роман Како монах Свети Теодосиј се насели недалеку од градот Трново, каде што основа обител која по него ја нарекуваа Теодосиева. Значително се истакна на Соборот против богомилите во 1360 година. Штитејќи ја православната вера тогаш мудро ги посрами богомилите. Својот земен живот го заврши во Цариград во 1362 година. Неговиот ученик Роман продолжи да се подвизува во Теодосиевата обител до својата смрт.
Света Маријамна (Марија) Сестра му на Светиот апостол Филип. Патуваше со својот брат и заедно го проповедаа Евангелието во Ерапол и по други места. После маченичката смрт на Филип Маријамна ја продолжи својата мисионерска работа во Ликаонија, каде што и се упокои. |
2 март 2024Свети Лав I, папа Римски; Свети ФлавијанСвети Лав I, папа Римски; Свети ФлавијанСвети Лав I, папа Римски; Свети Флавијан2 март 2024 Свети Лав I, папа Римски Роден е во Италија од благочестиви родители. Најпрво беше ѓакон кај папата Сикст III, а по неговата смрт и покрај неговото противење го возведоа на престолот на римскиот папа. Кога Атила со Хуните дојде близу Рим и се подготвуваше веќе да го разори и запали овој град, Лав излезе пред него во архиерејска облека, го скроти гневот на хунскиот водач и ја оттргна пропаста од Рим. Колку што врз Атила подејствува советот на Светиот човек толку го уплаши и визијата на Светите апостоли Петар и Павле кои стоеја покрај Лав и со пламени сабји му се закануваа на Атила. Овој папа не само што го спаси Рим туку ја помогна и заштитата на Православието од Евтихиевата и Диоскоровата ерес. Таа ерес се состоеше во слевањето на Божествената и човечката природа кај Христос во една и следственото одрекување на двете волји во личноста на Спасителот. Заради ова беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто се прочита посланието на Светиот папа Лав, коешто тој прво го напиша па го положи на гробот на Св. Петар, а Св. Петар го исправи. Пред смртта четириесет дена помина во пост и молитва на гробот на апостолот Петар, молејќи го да му јави дали му се простени гревовите. Апостолот му се јави и му кажа дека сите гревови му се простени, освен гревовите на ракополагањето свештеници (во што се гледа колку тежок е гревот на недостојното ракополагање). Светителот повторно се предаде на молитва с ѐ додека не беше известен дека и тие гревови му се простени. Тогаш мирно Му ја предаде душата на Господ. Свети Лав се упокои во 461 година.
Свети Флавијан Патријарх Цариградски после Прокло. Современик на Св. папа Лав. Се бореше одлучно против Евтихиј и Диоскор, но не го дочека жив триумфот на Православието на Четвртиот Собор, зашто претходно на еден еретички собор го биеја и го газеа толку бездушно, што таму и умре. Верен војник Христов, храбар бранител и исповедник на православната вера. Се упокои во 449 година. |
3 март 2024Светите апостоли Архип, Филимон и АпфијаСветите апостоли Архип, Филимон и АпфијаСветите апостоли Архип, Филимон и Апфија3 март 2024 Светите апостоли Архип, Филимон и Апфија Архип беше еден од Седумдесеттемина. Апостол Павле го спомнува во Посланието до Колосјаните и во Посланието до Филимон, нарекувајќи го другар во војувањето. Во градот Колоси центар на христијанството беше куќата на Филимон. Овде христијаните се собираа на молитва. Ова го нарекуваше Св. Павле пишувајќи му на Филимон: „твојата домашна црква“. Во тоа време апостолите ги ракополагаа своите ученици за епископи, и тоа некои од нив на постојани места, а некои како патувачки мисионери по разни места. Филимон беше од овие последниве. Неговата жена Апфија постеше и ѝ служеше на домашната Црква. Во времето на еден празник на незнабожната божица Артемида сите верни во Колоси беа собрани во домот на Филимон на молитва. Незнабожците дознаа за ова собрание, навалија и ги испофаќаа христијаните. Филимон, Архип и Апфија како водачи прво ги избија, потоа ги закопаа до појас во земја и почнаа да ги каменуваат. Вака ги убија Филимон и Апфија, а Архип го извадоа од дупката одвај жив, за разонода на децата. Децата сиот го избодија со ножеви. Така овој Павлов другар во војувањето добро го заврши својот подвиг и патот на земниот живот и се престави кај Господ. |
4 март 2024Свети Лав, епископ Катански; Светиот свештеномаченик СадокСвети Лав, епископ Катански; Светиот свештеномаченик СадокСвети Лав, епископ Катански; Светиот свештеномаченик Садок4 март 2024 Свети Лав, епископ Катански Свети Лав им беше добар пастир и милосрден наставник на луѓето во градот Катана под вулканската планина Етна. Многу се погрижи околу болните и сиромашните. Неговата ревност за верата беше исто толку голема како и неговото милосрдие кон неволните. Во тој град се појави еден маѓепсник Илиодор, кој го замајуваше народот со разни магиски вештини и ја развраќаше младежта во градот. Еднаш за време на литургија влезе во Божјиот храм и се зафати да волшебствува. Свети Лав му пристапи, го врза со едното крајче на својот омофор и го одведе на градскиот пазар. Овде нареди да се запали голем оган и кога огнот се разгоре, влезе самиот во него и го вовлече внатре и Илиодор. Илиодор сиот изгоре, а Свети Лав остана неначнат од огнот. Од ова сите што беа замајани од Илиодор и гледаа во него божество се засрамија. А милосрдниот и ревносен Лав се прочу по целото царство како голем чудотворец, којшто со своите пресветли чуда им помага на луѓето. По неговата смрт од неговите мошти потече исцелително миро. Се упокои во 8 век.
Светиот свештеномаченик Садок Беше епископ во Персија после Св. Симеон. Еднаш во сон му се јави Св. Симеон и му рече: „Вчера јас, денес ти!“ Овие зборови Св. Садок му ги протолкува на своето стадо со значењето: „Лани пострадав јас, а оваа година ќе пострадаш ти!“ И навистина, таа година царот Сапор го уапси, заедно со многуборен клир и народ и ги изведе на суд. Прво им нареди да им се поклонат на огнот и на сонцето како на божества. Садок одговори: „Ние сме од сесрце подготвени да умреме за нашиот Бог, но на сонцето и на огнот нема да им се поклониме“. По ова беа мачени и осудени на смрт со меч. Пред смртта Св. Садок Му ја вознесе на Бога оваа молитва: „Измиј н ѐ , Боже, во нашата крв од нашите гревови!“ Неговите свештеници и верни заедно со него си ги предадоа телата на смрт, а душите на Бога бесмртниот. Пострадаа во 342 или во 344 година. |
5 март 2024 | 6 март 2024 | 7 март 2024 | 8 март 2024 | 9 март 2024 | 10 март 2024 |
11 март 2024 | 12 март 2024 | 13 март 2024 | 14 март 2024 | 15 март 2024 | 16 март 2024 | 17 март 2024 |
18 март 2024 | 19 март 2024 | 20 март 2024 | 21 март 2024 | 22 март 2024 | 23 март 2024 | 24 март 2024 |
25 март 2024 | 26 март 2024 | 27 март 2024 | 28 март 2024 | 29 март 2024 | 30 март 2024 | 31 март 2024Свети Кирил, архиепископ Ерусалимски; Свети Анин ЧудотворецСвети Кирил, архиепископ Ерусалимски; Свети Анин ЧудотворецСвети Кирил, архиепископ Ерусалимски; Свети Анин Чудотворец31 март 2024 Свети Кирил, архиепископ Ерусалимски Роден е во Ерусалим во времето на Константин Велики, а умре во времето на Теодосиј Велики (315 г. – 386 г.). Во 346 година го посветија за свештеник, а во 350 г. го наследи на престолот блажениот ерусалимски патријарх Максим. Трипати го симнуваа од престолот и го испраќаа во прогонство, додека најпосле во времето на Теодосиј не го вратија, па проживеа мирно уште осум години и Му ја предаде душата на Господ. Тој имаше две тешки борби: од една страна со аријанците кои се засилија во времето на Константиновиот син Констанциј, а од друга во времето на Јулијан Отстапник, со самиот цар отпадник од верата и со Евреите. Во времето на силата на аријанците на денот на Педесетница се јави знакот на Крстот, посветол од сонце, се простираше над Ерусалим и над Елеонската Гора. Ова траеше неколку часа, а почна во девет наутро. За оваа појава што ја видоа сите жители на Ерусалим му пишаа и на царот Констанциј и тоа на мнозина им послужи за утврдување во Православието, а против ереста. Во времето на Отстапник се случи друг знак. За да го понижи христијанството Јулијан ги наговори Евреите да го обноват Соломоновиот храм. Св. Кирил Му се молеше на Бога тоа да не стане. И имаше страшен земјотрес којшто урна с ѐ што беше обновено на храмот. Тогаш Евреите почнаа одново да градат. Но повторно фати земјотрес и го урна не само новоизграденото туку и старите камења кои уште се држеа под земјата. Така се обвистини зборот Господов: „ни камен на камен овде нема да остане“. Од многубројните списи на овој Свет отец зачувана е само неговата „Катихетика“, првокласно дело што ја потврдува верата и праксата на Православието до денешен ден. Овој светител беше необичен архипастир и голем подвижник. Се одликуваше со смирение и кротост, а сиот беше испостен и блед во ликот. После многуплодниот живот во подвиг и витештво за верата во Христа, мирно се упокои во Господ.
Свети Анин Чудотворец Родум од Халкидон. Според растот малечок како Закхеј, но со духот и во верата голем. Во петнаесеттата година се одрече од светот и се насели во една визба во близина на реката Еуфрат и таму принесуваше покајание и молитви најпрво при својот учител Мајум, а по неговата смрт сам. Со силата на својата молитва еден сув бунар го наполни со вода и исцелуваше болни од разни болести и маки и ги скротуваше ѕверовите. Еден скротен лав постојано живееше кај него во послушание. Имаше дар на проѕорливост на далечина. Кога еден столпник кој живееше недалеку од него го нападнаа разбојници и толку го изнатепаа што овој намисли да слезе од столбот и да оди да ги обвини кај судиите, Свети Анин проѕре во неговата душа и ја виде намерата, па по својот лав му испрати писмо во кое го молеше да ја остави, да им прости на напаѓачите и да си го продолжи подвигот. Беше неискажливо милосрден. Епископот Неокесариски му подари едно магаре за да му го олесни носењето вода од реката, но тој му го подари магарето на еден сиромав којшто му се пожали на својата сиромаштија. Епископот му даде друго магаре, но тој и тоа го подари. Тогаш епископот му даде трето магаре но само на заем, како водоносец, со тоа што би морал да го чува и да му го врати. Пред својата смрт овој светител виде како му доаѓаат Мојсеј, Арон и Ор, кои го повикаа: „Анине, Господ те вика, стани и појди со нас!“ Им го откри ова на учениците и Му го предаде својот дух на Бога. Се упокои на возраст од 110 години. |