понпонеделник | втовторник | сресреда | четчетврток | петпеток | сабсабота | неднедела |
---|---|---|---|---|---|---|
26 февруари 2024 | 27 февруари 2024 | 28 февруари 2024 | 29 февруари 2024 | 1 март 2024Светиот великомаченик Теодор Тирон; Преподобниот Теодосиј Бугарин и неговиот ученик Роман; Света Маријамна (Марија)Светиот великомаченик Теодор Тирон; Преподобниот Теодосиј Бугарин и неговиот ученик Роман; Света Маријамна (Марија)Светиот великомаченик Теодор Тирон; Преподобниот Теодосиј Бугарин и неговиот ученик Роман; Света Маријамна (Марија)1 март 2024 Светиот великомаченик Теодор Тирон „Тирон“ значи „регрут“. Штотуку Свети Теодор беше стапил во војска, во Мармаритскиот полк, во градот Амасија, започна гонењето на христијаните под царевите Максимијан и Максимин. Со оглед дека тој не сакаше да крие дека е христијанин, го подложија на суд и го фрлија во затвор, заклучен и запечатен. Во затворот му се јави Самиот Христос велејќи му: „Не плаши се, Теодор, Јас Сум со тебе, не земај веќе овоземна храна и пијалок, зашто ќе бидеш во другиот живот, вечниот и неминливиот, со Мене на небесата“. При ова се јави мнозинство ангели во затворот и сиот затвор заблеска прекрасно, а затворските стражари ги видоа ангелите облечени во бело и мошне се уплашија. По ова Свети Теодор беше изведен и осуден на смрт. Го фрлија во оган и Му ја предаде својата душа на севишниот Бог. Пострада во 306 година.
Преподобниот Теодосиј Бугарин и неговиот ученик Роман Како монах Свети Теодосиј се насели недалеку од градот Трново, каде што основа обител која по него ја нарекуваа Теодосиева. Значително се истакна на Соборот против богомилите во 1360 година. Штитејќи ја православната вера тогаш мудро ги посрами богомилите. Својот земен живот го заврши во Цариград во 1362 година. Неговиот ученик Роман продолжи да се подвизува во Теодосиевата обител до својата смрт.
Света Маријамна (Марија) Сестра му на Светиот апостол Филип. Патуваше со својот брат и заедно го проповедаа Евангелието во Ерапол и по други места. После маченичката смрт на Филип Маријамна ја продолжи својата мисионерска работа во Ликаонија, каде што и се упокои. |
2 март 2024Свети Лав I, папа Римски; Свети ФлавијанСвети Лав I, папа Римски; Свети ФлавијанСвети Лав I, папа Римски; Свети Флавијан2 март 2024 Свети Лав I, папа Римски Роден е во Италија од благочестиви родители. Најпрво беше ѓакон кај папата Сикст III, а по неговата смрт и покрај неговото противење го возведоа на престолот на римскиот папа. Кога Атила со Хуните дојде близу Рим и се подготвуваше веќе да го разори и запали овој град, Лав излезе пред него во архиерејска облека, го скроти гневот на хунскиот водач и ја оттргна пропаста од Рим. Колку што врз Атила подејствува советот на Светиот човек толку го уплаши и визијата на Светите апостоли Петар и Павле кои стоеја покрај Лав и со пламени сабји му се закануваа на Атила. Овој папа не само што го спаси Рим туку ја помогна и заштитата на Православието од Евтихиевата и Диоскоровата ерес. Таа ерес се состоеше во слевањето на Божествената и човечката природа кај Христос во една и следственото одрекување на двете волји во личноста на Спасителот. Заради ова беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто се прочита посланието на Светиот папа Лав, коешто тој прво го напиша па го положи на гробот на Св. Петар, а Св. Петар го исправи. Пред смртта четириесет дена помина во пост и молитва на гробот на апостолот Петар, молејќи го да му јави дали му се простени гревовите. Апостолот му се јави и му кажа дека сите гревови му се простени, освен гревовите на ракополагањето свештеници (во што се гледа колку тежок е гревот на недостојното ракополагање). Светителот повторно се предаде на молитва с ѐ додека не беше известен дека и тие гревови му се простени. Тогаш мирно Му ја предаде душата на Господ. Свети Лав се упокои во 461 година.
Свети Флавијан Патријарх Цариградски после Прокло. Современик на Св. папа Лав. Се бореше одлучно против Евтихиј и Диоскор, но не го дочека жив триумфот на Православието на Четвртиот Собор, зашто претходно на еден еретички собор го биеја и го газеа толку бездушно, што таму и умре. Верен војник Христов, храбар бранител и исповедник на православната вера. Се упокои во 449 година. |
3 март 2024Светите апостоли Архип, Филимон и АпфијаСветите апостоли Архип, Филимон и АпфијаСветите апостоли Архип, Филимон и Апфија3 март 2024 Светите апостоли Архип, Филимон и Апфија Архип беше еден од Седумдесеттемина. Апостол Павле го спомнува во Посланието до Колосјаните и во Посланието до Филимон, нарекувајќи го другар во војувањето. Во градот Колоси центар на христијанството беше куќата на Филимон. Овде христијаните се собираа на молитва. Ова го нарекуваше Св. Павле пишувајќи му на Филимон: „твојата домашна црква“. Во тоа време апостолите ги ракополагаа своите ученици за епископи, и тоа некои од нив на постојани места, а некои како патувачки мисионери по разни места. Филимон беше од овие последниве. Неговата жена Апфија постеше и ѝ служеше на домашната Црква. Во времето на еден празник на незнабожната божица Артемида сите верни во Колоси беа собрани во домот на Филимон на молитва. Незнабожците дознаа за ова собрание, навалија и ги испофаќаа христијаните. Филимон, Архип и Апфија како водачи прво ги избија, потоа ги закопаа до појас во земја и почнаа да ги каменуваат. Вака ги убија Филимон и Апфија, а Архип го извадоа од дупката одвај жив, за разонода на децата. Децата сиот го избодија со ножеви. Така овој Павлов другар во војувањето добро го заврши својот подвиг и патот на земниот живот и се престави кај Господ. |